Skip to main content

Грчката влада ги затвори банките и воведе строга контрола на капиталот

Ограничувањата на банкоматите во Грција не важат за туристи

 |  инфодеск  | 

Во исчекување на референдумот кој е закажан за 5 јули, грчката влада одлучи да ги затвори банките и да воведе строга контрола на капиталот за да се обиде да го стабилизира пазарот, но ограничувањата не се однесуваат на туристите и странците.

Неизвесноста е поголема во поголемите градови, а посебна неизвесност владее во туристичките места каде ги очекува туристичката сезона. Она што може да се истакне, кога станува збор за туристите, е дека мерките за контрола на капиталот не се однесуваат за нив, а плаќањето со кредитни картички се одвива нормално.

Владата на Грција ги инструирала банките денес од пладне сите банкомати да имаат пари. За грчките кредитни картички има лимит од 60 евра на ден, но за сите останати, се мисли на туристи и странци, лимит не постои.