Skip to main content

Турција ја нападна Исламска држава

Турски борбени авиони, денес рано наутро, нападнаа  позиции на Исламската држава

 |  инфодеск  | 

Турски борбени авиони гаѓале позиции на Исламска држава во Сирија рано утрово, објави турскиот премиер откако Турција најави дека ќе превземе “секаква нужна мерка” да се заштити од напади на исламистички или курдски герилци.
И полицијата со поддршка на хеликоптери и специјални сили извела ноќни рации на повеќе од стотина курдски и локации на Исламска држава во Истанбул, објавија медиумите во Турција. Во таа операција учествувале околу 5.000 полицајци, јави Reuters. Освен во Истанбул, слични операции полицијата извела во 13 провинции ширум земјата во кои досега се приведени 251 лице, соопштено е од кабинетот на премиерот на Турција.
Авионите Ф-16 кој рано утрото полетале од базата во Дијарбакир на југоистокот на Турција, погодиле две седишта и уште една позиција на Исламска држава, се вели во соопштението на кабинетот на турскиот премиер.
“Турските авиони во операцијата не ја преминаа границата со Сирија”, рекол еден турски функционер и додал дека нападите се случиле во делот на Сирија во близина на турскиот град Килис.
Официјална Анкара во четвртокот им допуштила на САД да се служат со воздухопловната база Инџирлик за воздушни напади над Исламска држава, потврдил извор од американските оружени сили.