Skip to main content

Три години порано ја отстварија својата цел

Volkswagen стана најголем светски производител на автомобили

 |  инфодеск  | 

Германскиот Volkswagen во првата половина на оваа година ја престигна Toyota по бројот на продадени возила, па така својата цел да стане најголем производител на автомобили ја отствари три години порано од планот.

Toyota во вторникот објави дека од јануари до јуни продала 5,02 милиони автомобили, што е пад од 1,5% во однос на истиот период лани и помалку од 5,04 милиони автомобили колку што испорачал VW. Во соопштението се вели дека продажбата во шестмесечниот период влијаело успорувањето на продажбата на пазарите во развој и зголемувањето на мини-возилата во Јапонија.

Германскиот VW ја зголеми продажбата под осумгодишното водство на извршниот директор Martin Winterkorn со помош на новите брендови и фабрики, но и порастот на продажбата во Кина.

Испораката на VW групацијата, вклучувајќи ги и премиум брендовите на Audi и Porsche, во минатата година се дуплираа, на повеќе од 10 милиони возила, додека добивката е скоро а три пати поголема, или 12,7 милијарди евра.

“VW ја превзеде круната од Toyota во тешки времиња кога продажбата на главните пазари е во опаѓање. Ако сакаме да го задржиме водечкото место, ќе мора да се издржи успорувањето на продажбата во Кина”, вели Stefan Bratzel, шеф на германскиот истражувачки институт Center for Automotive Menagment.

VW сепак очекува умерен раст на испораката во однос на минатогодишните рекордни 10,1 милиони продадени автомобили.