Skip to main content

Планот на Обама претставува еден од најголемите чекори во историјата

Амертиканскиот претседател денес ќе го претстави планот кој го нарече најважен и најголем

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател Барак Обама денес ќе го претстави планот кој го нарече најголем и најважен чекор кој САД некогаш го превземале во борбата против климатските промени, пишува BBC.
Целта на ревидираниот “план за чиста енергија” е да го намали CO2 од електраните за околу една третина во рок од 15 години. Мерките подразбираат префрлување на соларна енергија и енергија добиена од ветар, но и од други обновливи енергии.
Но, противниците на планот на Обама го прогласија како “војна против јагленот”. Во планот стои дека емисиите на СО2 од енергетскиот сектор до 2030 година мора да се намалат за 32% во споредба со 2005 година. Секоја американска сојузна држава ќе добие цел која ќе мора да ја исполни, а потоа ќе мора да даде свои предлози како ќе се дојде до таа цел. Но, неколку гувернери веќе се изјасниле дека ќе го игнорираат планот на Обама.
Во соопштението на Белата куќа, Обама рекол дека новиот план се темели на податоци кои покажуваат дека без одлучна акција светот ќе се соочи со уште полоши екстремни услови и здравствени проблеми.
“Промената на климата не е веќе проблем на идните генерации”, нагласил Обама.