Skip to main content

Уништен е бисерот на пустината

“Најмрачните предвидувања се отстваруваат”

 |  инфодеск  | 

Џихадистите на Исламската држава повторно се нафрлија на светското археолошко богатство дигајќи го во воздух славниот храм во градот Palmyra во Сирија, класифициран како културно наследство на човештвото.

Пред помалку од една недела екстремистичката група го егзекутира некогашниот шеф за антика во Palmyra Haled al-Asad, 82 годишен старец кој во целиот свет беше познат по познавањето на тоа уникатно античко место.

Исламската државе веќе уништи неколку археолошки места во Ирак, а во мај ја окупира Palmyra, наречена бисер на пустината, предизвикувајќи големо стравување кај UNESCO и меѓународната заедница.

“IS денес постави голема количина експлозив во храмот Baal-Shamin и го активира. Зданието е во голема мерка уништено”, изјавил Mamun Abdulkarim, главниот директор за антика и музеи во Сирија. Тој истакнал и дека е уништен затворениот дел од храмот и дека околните столбови се срушени.

Храмот Baal Shamin почнал да се гради во 17 година а потоа го зголемувал и разубавувал римскиот цар Hardian во 130 година. Baal е божество кое го почитувале луѓето од античкиот блиски исток.

“Нашите најмрачни предвидувања за жал се отстваруваат”, рекол Abdulkarim.

“Џихадистите изведоа неколку егзекуции во античкиот театар, а во јули ја уништија славната статуа на лав кој се наоѓаше во музејот во Palmyra, а музејот го претворија во суд и затвор. Во вторникот го убија некогашниот директор за антика”, заклучил тој.