Skip to main content

“Најглупавата идеја на светот” некому носи богатство

Девојката му рекла дека тоа е најглупавата идеја за која слушнала, но…

 |  инфодеск  | 

Кога Alex Craig ѝ го објаснил својот бизнис план на својата девојка, таа му рекла дека тоа е најглупавата идеја за која некогаш чула. Меѓутоа Craig сакал да ризикува.

Овој млад човек заработува повеќе од 10.000 долари месечно од продажба на компири кој ги испраќа по пошта. Тој на корисниците им наплаќа помеѓу осум и десет долари за еден компир во кој е напишана некоја убава порака, кој им ги испраќа по пошта на адреса по нивна желба, пишува Newser.

“Мислам дека сите луѓе на патот кон успехот ги блокира стравот и сомнежот”, рекол тој. “Стравот од неуспехот и стравот дека залудно ќе го потрошите времето, како и сомнежот дека воопшто можете да постигнете нешто големо”.

За време на вториот ден од промовирањето на услугата на мрежата Reddit, Craig заработил 2.000 долари од нарачки, а од мај, кога ја отворил страницата, продал 2.000 компири.