Skip to main content

Zuckerberg во два дена изгуби скоро 4 милијарди долари

Големите компании и богаташи изгубија милијарди долари

 |  инфодеск  | 

Инфорациите за проблемите со кинеското стопанство кон крајот на минатата недела силно ги погодија берзите ширум светот па така големите компании и нивните сопственици изгубија милијарди долари. Една од компаниите кои поминаа најлошо беше Apple која во последните месеци на оваа година изгуби дури 158 милијарди долари на пазарната вредност. Со минатонеделните случувања на берзите сигурно не е задоволен ниту основачот на Facebook Mark Zuckerberg чие богатство за само два дена се намали за скоро четири милијарди долари.
Спрема Daily Mail минатиот четврток Zuckerberg изгубил две милијари долари, а во петокот неговото богатсво се намалило уште за 1,9 милијарди долари.
Иако за многумина во светот ова се незамисливи бројки, шефот на Facebook нема многу причини за грижа бидејќи и покрај загубата сепак на сметката му остануваат околу 37,8 милијарди долари, а гледајќи ја целата година тој и понатаму е во плус околу три милијарди долари.
Уште еден од големите губитници минатата недела е шефот на Amazon Jeff Bezos чие богатство во петокот е намалено за 1,8 милијарди долари, а без 1,6 милијарди долари останаа и основачите на Google Larry Page и Sergey Brin, додека Bill Gates последниот работен ден од минатата недела изгуби 1,4 милијарди долари, што веројатно нема многу да го почувствува бидејќи неговото проценето богатство е 82 милијарди долари.
За време на минатата недела лицата од листата на 400 најбогати во светот изгубија вкупно 182 милијарди долари, а освен проблемите во Кина, аналитичарот Robert Schiller рекол дека причините за ваков пад на вредноста на акциите ги наоѓа во фактот дека некои акции биле пренапумпани и сега дошло до нивна корекција.