Skip to main content

uTorrent размислува за наплаќање на софтверот

Започнаа шпекулации колку ќе изнесува претплатата

 |  инфодеск  | 

uTorrent го користат 150 милиони корисници ширум светот и станува збор за дефинитивно најпопуларната програма за споделување на содржини кои од почеток па до денес беше потполно бесплатна, што наскоро тоа би можело да се промени.
На порталот TorrentFreak е објавена вест која ја возбуди интернет заедницата, бидејќи во BitTorrent компанијата, која е мајка и татко на uTorrent, размислуваат за воведување модел на наплата за користење на овој P2P софтвер. Сепак, во објавата на BitTorrent стои дека “нивниот тим секојдневно напорно работи за да оваа програма секојдневно се развива, па затоа дошло време на корисниците да им се овозможат повеќе опции со кои би го поддржале развојот на uTorrent и тоа прилагодено на сечиј буџет”.
Токму последниот дел од реченицата бил прекинувачот за паника меѓу корисниците бидејќи експлицитно се најавува воведување на наплата, односно вака го протолкувало мнозинството од корисниците.
Веќе започнаа и шпекулации колку би можела да изнесува претплатата, дали таа ќе биде месечна, годишна или можеби се работи засекогаш што некои веќе понудиле и хипотетичка пресметка со која на оваа бројка на корисници износот од еден долар годишно би бил сосем доволен.
Интересно, истата компанија која стои зад развојот на uTorrent има уште еден сличен програм, BitTorrenSync, за кој се плаќа годишна претплата од 29,99 долари.
Некои сметаат дека најкоректно би било да се воведе системот на донација кога е во прашање uTorrent, па така секој ќе може да даде свој прилог. Оние кои ја следат проблематиката со uTorrent велат дека доколку се воведе претплата тогаш uTorrent ќе се појави во две верзии. Основната би била потполно бесплатна како и досега, додека напредните опции, односно проширената верзија ќе се плаќа.
Сепак, во овој момент никој не знае колку ќе се наплаќа и дали воопшто ќе се наплаќа…