Skip to main content

Изборите во САД и ширум светот може да ги одлучува Google

Претстоечките избори во САД би можел да ги одлучи семоќниот пребарувач

 |  инфодеск  | 

Американците со нетрпение ги исчекуваат изборите кои ќе се одржат идната година бидејќи изборот на прв човек на САД (некои велат и на светот) ќе биде крјно неизвесен а би можел да го одлучи Google, односно нивниот пребарувач.
Вака смета Robert Epstein, научник од Институтот за бихевиорално истражување и технологија кој смета дека изборната трка ќе биде тесна и само една мала промена во тајниот алгоритам на Google би можел да влијае на одлуката за новиот претседател.
Заедно со другите научници од универзитетот, тој го проучувал однесувањето на неодлучните гласачи кои биле изложени на наместени резултати на Google – прикажувајќи им резултати кои фаворизирале одреден кандидат и успеале неодлучните гласачи да ги усмерат на гласање за тој кандидат. По 15 минутно пребарување во кој се фаворизирал еден кандидат, популарноста на тој кандидат меѓу неодлучните бирачи се зголемила помеѓу 37 и 63%.
Значи, спрема Epstein, ако од Google тоа го сакаат, тие би можеле да одлучат кој ќе биде нивни следен претседател.
Од Google, секако, коментирале дека нема сомнение за некакво местење бидејќи нивниот алгоритам е направен така што на корисниците им дава релевантни одговори, а местење на резултати од пребарувањето би ја намалило довербата на корисниците во самата компанија (иако некои судски тужби против нив се однесуваат токму на местење на резултати кои се однесуваат на нивни услуги).
Epstein го отфрла објаснувањето на Google и вели дека тоа не ја исклучува можноста за фаворизирање на еден кандидат во однос на другиот и напоменува дека на основа на минатите избори (Обама ги доби со предност помала од 4%) може да се заклучи дека влијанието на изборите е под контрола на Google.
Она што е интересно е тоа што заклучокот на Epstein вели дека ова не се однесува само за САД туку и на сите други земји ширум светот и дека Google благодаерение на нивниот пребарувач може да влијае на избори во земјите ширум светот.