Skip to main content

Започнува наплата на содржините на YouTube

Драматични промени на YouTube до крајот на годината

 |  инфодеск  | 

Во Google моментално работат на големи промени на најпопуларниот видео сервис на светот и до крајот на годината YouTube би можел драстично да се смени. Ова го тврдат новинарите на The verge спрема кои YouTube до крајот на годината ќе претстави два претплатнички сервиси кои би требало да помогнат во зголемување на приходите бидејќи моментално содржините на овој сервис се бесплатни. За претплатничкиот сервис Music Key се зборува подолго време, а од Google сакаат да започнат прикажување на содржини без реклами, односно плаќање на одреден месечен износ за корисниците кои одредени премиум содржини ќе можат да ги прегледуваат и кои не ќе можат да се видат во бесплатната верзија.

Исто така, претплатниците на YouTube би требало да имаат и можност за ставање на видеозаписи кои ќе можат да се гледаат и offline – што особено ќе го ценат мобилните корисници бидејќи на телефонот ќе можат да ги ставаат омилените спотови и видеозаписи и накнадно да ги гледаат без додатно трошење на мобилен сообраќај.

Ако се покаже успешна оваа претплата, Google со време ќе воведе и претплата само за одредени категории на видеозаписи па за одреден месечен износ на корисниците ќе им бидат достапни содржини на посебни канали како на пример каналите за готвење, канали за деца и слично.

Експертите од музичката индустрија потсетуваат дека, и покрај големиот пораст на музички сервиси, YouTube и понатаму останува најголема музичка стриминг платформа и главен извор на музика за мнозиството луѓе во светот.

Дискографите со години се жалат на Google и сметаат дека оваа компанија недоволно ги плаќа за бројните спотови и песни кои се бесплатно достапни на YouTube, додека од Google пак тврдат дека во изминатите години имаат исплатено милијарди долари, а сите се надеваат дека со воведувањето на претплатата ќе се зголемат и приходите.

Сепак, треба прво да се види како ќе реагираат корисниците на овие претплати на YouTube и дали ќе плаќаат десетина долари месечно за содржини без реклами кои ќе можат да ги ставаат на своите уреди како би ги гледале подоцна offline или пак овој сервис ќе продолжи како и досега, но со прикажување на реклами.