Skip to main content

Добиен мандат за формирање на независна каталонска држава

Партиите кои се залагаат за во шпанскиот регион Каталонија го освоија апсолутно мнозинство на регионалните избори.

 |  Голабовски Крсте  | 
espana

Партиите кои се залагаат за во шпанскиот регион Каталонија го освоија апсолутно мнозинство на регионалните избори.

Главниот сепаратистички сојуз и помала националистичка партија освоија 72 места во 135. члениот регионалниот парламент.

reefrendum“Заедно за Да” алијансатa освои 62 пратенички места. Ако ги комбинира со екстремно левичарската КУП сепаратистичка партија, која освои 10 пратенички места, таа ќе биде во можност да формира парламентарно мнозинство.

Сепак, партии кои се залагаат за независност не успеа да добијат 50% од гласовите, освојувајќи 1,9 милиони од 4 милиони гласачки ливчиња.

Сепаратистите велат дека победата им дава јасен мандат да формираат независна каталонски држава.

Централната влада на Шпанија во Мадрид, вети дека ќе оспори какви било унилатерални чекори кон независност на суд.

По прославата, лидерите во таборот за независност, изјавија сега тие ќе пристапат кон создавање на независна каталонска држава.

“Ние имаме јасно, апсолутно мнозинство во каталонскиот Парламент да се оди напред”, изјави претседателот на каталонскиот регион Артус Мас.