Skip to main content

И возилата на Audi со софтвер за измама на еко-тест

Околу 1,42 милиони возила на Audi го имаат истиот софтвер како кај Volkswagen

 |  инфодеск  | 

Германскиот производител на автомобили Audi објави дека 2,1 милиони возила ширум светот се опремени со истиот софтвер кој овозможува измама на тестовите за емисија на штетни гасови.

Околу 1,42 милиони возила со таканаречениот EU5 мотори имаат вграден софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД има околу 13.000, рекол портпаролот на компанијата. Станува збор за возилата A1, A3, A4, A5, A6 TT, Q3 и Q5, додал тој.

VW минатата недела призна дека 11 милиони дизел автомобили ширум светот се опремени со уреди кои овозможуваат измама на еко-тестот, а извршниот директор на компанијата Martin Winterkorn поднесе оставка.

Германското обвинителство објави дека покрена истрага против Winterkorn за обвинение измама во продажбата на возила поради манипулација со податоците за штетни гасови.