Skip to main content

Apple повторно руши рекорди

Нема застанување за Apple кој повторно ги обори сите рекорди во продажбата

 |  инфодеск  | 

Минатата година Apple за време на првите три продажни дена продаде 10 милиони iPhone, а дел од аналитичарите се прашуваа дали може компанијата и Cook повторно да ги надмине овие бројки со новите модели на iPhone. Иако оваа година редиците пред некои продавници на Apple не беа толку долги, сепак од петок до недела Apple продаде 13 милиони iPhone 6S и 6S Plus, а се очекува дека големата побарувачка за овие телефони ќе продолжи и до крајот на годината така што Tim Cook и екипата можат да очекуваат голема заработка во последниот квартал од оваа година.

Во однос на 2014 година, оваа година новите модели на Apple, покрај стандардните пазари како САД, Велика Британија, Јапонија и други, од првиот ден се достапни и во Кина, еден од најголемите пазари на оваа компанија и токму во тој факт се крие зголемувањето на продажбата, пренесува New York Times. Достапноста на iPhone 6S и 6S Plus во Кина овозможи бројките на продажбата да се зголемат и да достигнат околу 13 милиони продадени апарати.

Што се однесува до последните три месеци од оваа година аналитичарите предвидуваат дека Apple повторно би можел да го сруши минатогодишниот рекорд кога во овој период имаа продадено 74,5 милиони iPhone 6 и 6 Plus, и се очекува продажба помеѓу 77 и 78 милиони уреди.

По вакви бројки кои Apple ги отстварува, некои новинари се прашуваат што понатаму, односно какви новитети би морале да претстават наредните години за да ја задржат големата побарувачка по новите уреди.