Skip to main content

Авион на Turkish Airlines принудно слетал поради закана од бомба

Дојавата за бомба стигнала во 22.50 часот по локално време

 |  инфодеск  | 

Авион на компанијата Turkish Airlines на летот од Њујорк кон Истанбул морал принудно да слета во Канада поради анонимна дојава за поставена бомба, соопштила денес канадската полиција.

На Twitter профилот на аеродромот Halifax Stanfild се наведува дека авионот безбедно слетал и дека полицијата се наоѓа на лице место, пренесува агенцијата AP.

Страницата Russia today наведува дека полицијата и пожарникарите ги евакуирале патниците и членовите на екипажот.

Полицијата го пребарува Airbus A330 со помош на полициски кучиња истренирани за барање експлозив. Канадската полиција наведува дека дојавата за бомба пристигнала во 22.50 часот по локално време, откако авионот веќе бил полетан од аеродромот JFK во Њујорк.

Во Halifax во вторникот веќе слетал еден авион кој бил пренасочен поради дојава за бомба. Во авионот на Air France, кој полетал од Далас не била пронајдена бомба.