Skip to main content

Турција сруши непријателски воен авион

Пилотот на срушениот авион бил предупреден дека ќе биде урнат

 |  инфодеск  | 

Reuters јавува дека воен авион е срушен во близина на турската граница. Сеуште не се знае чиј е авионот, како ниту тоа што се случило со екипажот на тој авион.

Турските медиуми пишуваат дека авионот бил руски, а објавеното видео на twitter профилот на Haberturk TV го покажува неговиот пад.

Воени официјални лица во Турција изјавиле дека авионот бил срушен од турски F16 и дека пилотот на непријателскиот авион бил предупреден на рушење. Судбината на пилотот сеуште е непозната.

Спрема локалните медиуми авионот е претворен во разгорена топка, а снимките на сведоците упатуваат на тоа дека пилотите успеале да се катапултираат од авионот пред да исчезне во пламенот.