Skip to main content

На повидок е пресврт? Ердоган побарал средба со Путин

Кремљ соопшти дека турскиот претседател побарал средба со Путин

 |  инфодеск  | 

И покрај напнатоста на релација Москва-Анкара, Таип Ердоган побарал состанок со Владимир Путин.

Кремљ денес соопшти дека турскиот претседател Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин на 30 ноември во Париз.

“Предлогот на турската страна за состанок на ниво на шефови на држави е предаден до претседателот”, рекол портпаролот Дмитриј Песков. “Тоа е сѐ што можам да кажам”.

Путин и Ердоган ќе учествуваат на глобалниот самит за климатски промени кој почнува на 30 ноември во Париз.

Песков исто така рекол дека западните земји не се спремни да се обединат во заедничка коалиција со Русија за борба против Исламската држава.

“За жал нашите партнери во овој момент не се спремни да соработуваат внатре во единствена коалиција”, рекол за новинарите Песков.