Skip to main content

30 години од првото Yugo во САД

За да тргне во продажба морале да се направат 500 преправки на автомобилот

 |  инфодеск  | 

Пред 30 години Застава го извезе првото Yugo GV на американскиот пазар и го понуди на купувачите по цена од 3.990 долари.

Годишницата на доаѓањето на Yugo во САД ја одбележа британскиот BBC со текст “последниот навистина ужасен автомобил”. Британците потсетуваат дека GV означувало “Good Value”, односно добра понуда. Тврдат дека маркетиншката порака од самиот почеток била осудена на пропаст.

BBC потсетува дека за влегувањето на Yugo на американскиот пазар е заслужен Malcolm Bricklin, кој го искористил фактот дека кон средината на ‘80-те во САД било пожелно секој да поседува евтино и економично возило.

Со помош на политичарите Henry Kissinger и Lawrence Eagleburger постигнат e договор со југословенските власти и Американците Yugo го видоа прв пат на саемот за автомобили во Лос Анѓелес во 1984 година. За да тргне во продажба морале да се направат 500 преправки на автомобилот.

Иако Yugo е заснован на Fiat127 со максимална брзина од околу 138 км на час, во тој момент бил најспор автомобил на американскиот пазар, а продажбата одела молњевито. Извозот е запрен во 1992 година поради распадот на Југославија и војната, а BBC потсетува и дека НАТО седум години подоцна ја бомбардирал фабриката Застава уверени дека станува збор за фабрика за оружје со исто име.

Автомобилот се појави во неколку филмови меѓу кои “Die Hard” со Bruce Willis, а една од главните улоги ја имаше во филмот “Drowing Mona”.

На крајот од текстот BBC се прашува колку Yugo навистина бил лош автомобил. Истражувањето кое било спроведено во 1987 година во САД, а го објавил магазинот “popular mechanics” покажало дека на Американците многу им се допаднал. Околу 78% сопственици на Yugo во САД го оцениле како добар или одличен, а 42% од испитаниците рекле дека повторно би го купиле.