Skip to main content

Отчукува часовникот кој не смее да се игнорира

Набрзо ќе се дознае точниот податок колку сме блиску до “судниот ден”

 |  инфодеск  | 

Симболичниот часовник кој го отчукува приближувањето на “судниот ден”, време на претстоечкото уништување, моментално е поставен на три минути до полноќ, што е најблиску на тој застрашувачки часовник од почетокот на неговото постоење од 1947 година.

Овој часовник е универзално признат показател на нашата чувствителност на катастрофи кои ни се закануваат од страна на нуклеарното оружје, новите технологии и глобалното затоплување. Часовник кој никој не смее да го игнорира.

Во среда водечките научници во светот, во конференција во живо, ќе објави дали сме се приближиле до полноќ на тој часовник. Спрема претпоставките, стрелките би можеле да се поместат за уште една минута.

Во јануари 2015 година, стрелката на часовникот кој го отчукува “судниот ден” се помести за две минути, така од пет минути до полноќ сега стрелките се на три минути до полноќ што е симболично најблиску до катастрофа од почетокот на мерењето.

Минатогодишното драматично поместување на часовникот го побарала група на добитници на Нобеловата награда кои на светот и светските лидери им пратија отворено писмо во кое предупредија дека е потребна итна акција и дека е потребно да се превземат мерки за да се спречи трагедија од глобални размери.

“Во 2015 година, климатските промени, модернизацијата и сѐ поголемиот број на нуклеарното оружје претставуваат неоспорени закани по безбедноста на човештвото. Водечките светски лидери не го препознаа навреме предупредувањето и не превзедоа никакви мерки за да ги заштитат граѓаните од потенцијални катастрофи”, стои на страниците на Bulletin.

Неодамна постигнатиот договор помеѓу САД и Иран, како и големиот форум за климатските промени одржан во Париз ќе се земат во предвид при новата пресметка за состојбата на овој важен часовник, пишува News.com

Здружението Bulletin Atomic Scientist е основано во 1945 година на Универзитетот во Чикаго, од страна на научници кои учествувале при изработката на првото атомско оружје. Во 1947 година го стартувале овој часовник кој го смета времето до “судниот ден”, апокалипса која ќе влијае на светот, човештвото и целата планета.