Skip to main content

Facebook незапирливо и понатаму во пораст

Компанијата ги објави новите финансиски резултати, но фасцинантни се бројките на корисници на нивните сервиси

 |  инфодеск  | 

Facebook станува ненадминлива медијска платформа. Последните резултати покажуваат дека оваа социјална мрежа расте и понатаму и стигна до бројката од дури 1,59 милијарди активни корисници. Под активни корисници се сметаат корисници кои го користат Facebook на месечна база.

Освен тоа, 50 милиони мали претпријатија користат страница за своите услуги и сервиси, дури една милијарда луѓе користат групи и 500 милиони го користат “Events” за да промовираат настан. Оваа година Oculus тргна и со својата прва испорака на очила за виртуелна реалност – секако едно од најголемите случувања оваа година.

Што се однесува на останатите сервиси на Facebook, WhatsApp и понатаму расте и моментално брои 900 милиони активни корисници, Messenger околу 800 милиони, додека Instagram има околу 400 илјади корисници.

Фасцинантно е да се види дека Facebook и понатаму собира нови корисници и бележи константен пораст и во приходи и во корисници.