Skip to main content

Катастрофален земјотрес во Тајван

Според американскиот сеизмолошки институт, потресот бил на длабочина од 10 километри

 |  инфодеск  | 

Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени по Рехтер кој во саботата рано утрото го погоди градот Тајинан на југот од Тајван, предизвика уривање на повеќе објекти при што според досегашните податоци загинале три лица, а околу 800 луѓе најверојатно се заробени под урнатините на 17-катница.
Епицентарот бил на 39 километри североисточно од вториот по големина тајвански град Каохсиунг,а Тајванската национална метеоролошка агенција соопшти дека се забележани уште три последователни потреси со магнитуда од 3,8 степени и повеќе. Според американскиот сеизмолошки институт, потресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 катови. Околу 230 луѓе се спасени од под урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Се уште се трага по 26 луѓе.

Тајинан е град со околу два милиони жители, a Тајван се наоѓа во сеизмички активниот „Пацифички огнен прстен“ и во 1999 година беше погоден од земјотрес со магнитуда од 7,7 степени во кој загинаа 2.400 луѓе