Skip to main content

На денешен ден светот се запозна со легендите Том и Џери

На многумина Том и Џери им го одбележа детството и тешко е да се најде достоинствена замена

 |  инфодеск  | 

На денешен ден, пред 76 години, светот ги запозна легендите со прикажување на првиот цртан филм “Том и Џери”. Светот за прв пат ги запозна мачорот Том и неговиот ноќен кошмар глувчето Џери. На многумина овие јунаци им го одбележаа детството, а тешко е да се најде достоинствена замена.

Првата епизода е прикажана на 10 февруари во 1940 година, а наречена е “Puss Gets the Boot”. Овој продукт на Вилијам Хана и Џозеф Барбера е номиниран за Оскар, а иако не го освои, ги освои срцата ширум светот.

Оттогаш овој двоец полни 17 години пишуваше и продуцираше авантури на Том и Џери, а потоа се враќаа во седумдесетите, осумдесетите и деведесетите и воопшто никој нема дилема дека и денешните деца уживаат во нивните авантури.