Skip to main content

YouTube со голема промена во гледањето видео-записи

YouTube додава нова опција која на огласувачите им овозможува доминантност

 |  инфодеск  | 

YouTube додава нова опција која на огласувачите им овозможува својата порака до потрошувачите да ја пратат во краток период кој ќе биде со времетраење од шест секунди и која не ќе може да се прескокне.

Кратките видео реклами под името Bumper ads ќе се појават следниот месец и ќе потсетуваат на секојдневните реклами кои ги гледаме на разни апликации за паметни телефони.

“Многу сме возбудени и со нетрпение чекаме да видиме како креативците ќе располагаат со новите кратки реклами”, изјавил Zach Lupei од YouTube.

Овие кратки реклами нема да ги заменат останатите формати на огласување на YouTube и на огласувачите ќе им бидат понудени како една од опциите.

Lupei истакнал и дека YouTube ќе продолжи со ширење на својата понуда за огласување на која луѓето во иднина ќе мора да се прилагодат на гледањето на видео-записите.