Skip to main content

Северна Кореја за прв пат во историјата истражува грабеж на банка

“Ова е прв пат да е ограбена банка од основањето на државата…”

 |  инфодеск  | 

Кражбата во локалната филијала на Централната банка на Северна Кореја се случила во градот Chongjin на границата со Кина, ноќта на 4 април, пишува UPI.

“Ова е прв пат да е ограбена банка од основањето на државата и многу жители љубопитно ја следат ситуацијата”, рекол изворот за Радио Слободна Азија, кој побарал да остане анонимен.

Банката е сместена во близина на театарот Dorip и обично околу неа кружат стражари. Меѓутоа, се чини дека чуварите за време на кражбата не биле на работните места.

Крадците го разбиле влезот и украле кеш од 70 милиони севернокорејски вони, рекол изворот. Спрема пишувањето на United Press International не постои службена валута за која е поврзан Вонот па не може да се пресмета колкава е сумата во однос на другите валути.

Властите истражуваат дали криминалците имале помагачи од внатре, што е многу веројатно, наведува изворот. Поради овој инцидент зголемен е надзорот на другите банки во земјата.