Skip to main content

Google претстави сервис за размена на пораки и споделување содржини

Во морето на социјални мрежи прашањето е дали ќе заживее апликацијата на Google

 |  инфодеск  | 

По неуспешната Google+ платформа, овој интернет џин го има сега Spaces, нов сервис за размена на пораки и споделување на содржини.

Spaces е базиран на мали групи кои меѓусебно можат многу лесно, благодарение на интеграцијата на платформите со сервисите како што се YouTube и Google Search, ќе комуницираат и едноставно ќе споделуваат содржини.

Spaces може да се користи на Android, iOS,оперативните системи на Chrome или преку пребарувачите, а корисниците во групата се додаваат преку e-mail, инстант пораки или преку другите социјални мрежи.