Skip to main content

Пронајдени остатоци од исчезнатиот египетски авион

Египетските авиолинии ги потврдија информациите во медиумите дека во близина на грчкиот остров Карпатос се пронајдени остатоци од исчезнатиот лет MS804. Во авионот имало 56 патници и 10 членови на екипажот.

 |   | 
patnici

„Министерството за цивилната авијација на Египет штотуку добило официјално писмо од Министерството за надворешни работи со потврда дека се пронајдени остатоци од лет MS804 крај островот Карпатос.

Egypt Air изразува најискрено сочувство на семејствата и блиските на патниците. Тие веќе беа информирани за откритијата. Во меѓувреме египетските истражители во соработка со грчките колеги продолжуваат да бараат уште остатоци од авионот“, се вели во соопштението на официјалниот профил на превозникот на Facebook.

Причината за инцидентот се уште не е јасна. Претходно денеска директорот на руското контраразузнавање Александар Бортников изјави дека најверојатно авионот бил соборен од терористи. Властите во Египет, Франција и Грција сметаат дека во оваа фаза е сеуште рано да се исклучат и други хипотези за инцидентот.