Skip to main content

Интерактивна мапа на Live streaming на Facebook

Човечката потреба за глобален воајеризам доби нова димензија

 |  инфодеск  | 

Не е никаква тајна, а уште помалку новитет, дека луѓето само по себе се екстремно контрадикторни. Од многу одамна се знае дека многумина сакаат да видат што се прави во туѓиот двор, отколку да се загрижат што всушност се случува во сопствениот, а откако интернет еволуира и експлодира на глобално ниво целата приказна влезе во нова димензија. Од една страна луѓето се параноични и константно зборуваат за нарушување на приватноста и потенцијалните штети што ги носи интернетот, а од друга страна обожуваат да бидат на социјалните мрежи и да дознаваат што се случува со познати и непознати луѓе.

Facebook , како најпопуларна мрежа на планетата успеа да “зароби” повеќе од една милијарда луѓе и добар дел станаа зависни од тоа што сѐ нуди Mark Zuckerberg и неговата екипа. Во последно време поприлично популарен е Live streaming на интернет, па така и Facebook направи интерактивна мапа која овозможува во реално време да се види кој и од каде некој пренесува Live stream преку Facebook. Нема сомнение дека и оваа опција, која на многумина им се чини луда, ќе го пронајде својот пат до бројот на зависници.

На следниот линк може да се види како изгледа Facebook Live Map.