Skip to main content

Се урна дел од шеталиште во Фиренца

Дел од кејот крај славниот мост Понте Векио на реката Арно во Фиренца се урна во средата, а властите на италијанската престолнина Рим ги повика домашните и странските приватници да ѝ помогнат да ги обнови стотиците нејзини древни знаменитости.

 |   | 
firenca

Дел од кејот крај славниот мост Понте Векио на реката Арно во Фиренца се урна во средата, а властите на италијанската престолнина Рим ги повика домашните и странските приватници да ѝ помогнат да ги обнови стотиците нејзини древни знаменитости.

Во Фиренца се урнал дел од подѕиданиот кеј долг 200 метри и широк седум метри. Се протега од славниот мост Понте Векио, кој потекнува од XIV век, до мостот Понте але Грацие.

Жртви, за среќа немаше, но штетата е голема. Оштетени се и дваесетина автомобили кои биле паркирани на тој дел од кејот, а некои делумно завршија и во водата. Противпожарната служба соопшти дека причина за инцидентот е пукнувања на водоводна цевка.

Градските власти на Рим, пак, апелираа до приватни компании од земјата и странство да помогнат во финансирањето на обновувањата на стотиците древни споменици по коишто е познат во светот Вечниот град,

„Помогнете ни Рим да остане мерка за убавина во светот“, изјави на прес-конференција градоначалникот Франческо Паоло Тронка. „Нашето наследство мора постојано да се одржува“, рече и додаде дека таа „едноставна задача“ чини 25 милиони евра.

Оптоварен со долг од 12 милијарди евра, Рим повеќе не може да си дозволи да го одржува своето историско културно наследство, веројатно најбогатото на светот, Градската управа затоа го повикува на помош приватниот капитал.

„Овој град повеќе нема пари ниту за уништување на троскотот. Ова е проект, ние тоа му го должиме на овој град и на целиот свет“, изјави градскиот директор за култура Клаудио Париси Пресиче.

Барањето приватни донатори во Рим не е ново. Неодамна завршеното обновување на славниот Колосеум го финансираше производителот на луксузна кожна галантерија и чевли „Tod’s“. Тоа е досега најголемото приватно спонзорство на обновување на историските споменици во Италија. Друг ваков значаен пример е обновувањето на Фонтана ди Треви, кое чинеше 2,2 милиони евра, а ланскиот ноември беше завршена благодарејќи на модната куќа „Fendi“. Во тек е обновувањето на Шпанските скали којашто го финансираше јувелирницата „Bvlgari“.

Римските градски власти составија список од проекти, а приватниците можат самите да избираат што би сакале да финансираат. Така, за 10 милиони евра можат да ги обноват 80-те римски фонтани или за „само“ 600.000 евра да го поправат аквадуктот Аква Вирго. Вљубениците во Рим, туристите и неговите жители, може да добираат и поединечно по 300 евра за обновување Трајановиот пазар.