Skip to main content

За една седмица цел свет е “заразен” со Pokemon Go

Играчите ги движи по улиците на своите градови за да собираат Покемони

 |  инфодеск  | 

Nintendo недела во соработка со Niantic ја лансира Pokemon Go, игра за iOS и Android со чувство на проширена реалност која играчите ги движи по улиците на своите градови за да собираат Покемони и да се натпреваруваат со други играчи. Кога играта беше пуштена во рацете на корисниците, се предвидувало дека истата ќе го зголеми профитот на компанијата за 450 милиони американски долари.

Бидејќи помина само една седмица од лансирањето на Pokemon Go, се чини дека играта има повеќе инсталирања од Tinder. Верувајќи му на податоците на сервисот Similar Web, Покемоните веќе се инсталирани на 5,16% паметни телефони кои работат на Android на подрачјето на САД, додека, само за споредба, Tinder е присутен на 2% уреди.

Но, играта има големи шанси во скоро време да о престигне и Twitter, втората најкористена социјална мрежа на светот, и тоа во бројката на дневно активни корисници. Минатиот петок оваа игра ја играле околу 3% корисници на Android, додека Twitter секојдневно го користат околу 3,5%.

За сериозноста на ситуацијата зборува податокот дека Tinder е покренат во 2012 година, Twitter 2006, а Pokemon Go само пред една недела.

Популарноста на Pokemon Go дошла до таа мерка што е доведено во прашање оддржувањето на серверите, што доведува до често паѓање и појава на багови. Од тие причини играта моментално е достапна само на американското тло и во Австралија и Нов Зеланд.