Skip to main content

Кристијано Роналдо отвори хотел CR7

“Не можев да замислам дека со 31 година ќе станам хотелиер”

 |  инфодеск  | 

Ѕвездата на португалската фудбалска репрезентација и на Реал Мадрид Кристијано Роналдо во петокот во родниот Фунчал го отвори својот хотел “Pestana CR7”, а локалните власти му укажале голема чест кои го именувале и аеродромот по него, па така аеродромот во Санта Катерина во Мадеира ќе го носи името Кристијано Роналдо.

“Малку ми е чудно. Не можев да замислам дека со 31 година ќе станам хотелиер”, изјавил Роналдо и додал: “Горд сум што во својот роден град отворам хотел”.

Овој хотел има 48 соби и еден голем апартман при што 25 соби се уредени во “CR7 стил”, а 23 во “Superior CR7 стил”.

Португалскиот фудбалер до крајот на годината ќе отвори уште еден хотел во Лисабон, а во 2017 година уште два, во Мадрид и Њујорк. Се проценува дека вкупните трошоци за сите четири хотели изнесуваат 75 милиони евра.

“Тоа ќе биде нова генерација на хотели”, рекол Дионисио Пестана, партнерот на Роналдо во овој проект.

Пред три години Роналдо во Фунчал отвори и музеј. Отворањето на музејот била идеја на неговиот постар брат Хуго, кој сеуште живее во Фунчал каде има градежна компанија. Хуго е директор и на музејот CR7. На идејата дошол кога престојувал во Мадрид и кога видел дека трофеите биле растурени насекаде во домот на Кристијано. Одлуката паднала на петкатница која Роналдо ја купил четири години порано на еден рид над пристаништето Фунчал.

Во првиот месец откако е отворен, музејот CR7 го посетиле повеќе од 10.000 посетители.

Роналдо и Пеле се единствените  фудбалери кои имаат сопствен музеј. Сега има и свој хотел, а по него е наречен и аеродром.