Skip to main content

Јапонскиот Panasonic со намера да го превземе Gorenje

Ако тоа се случи условот е фабриката да остане во Словенија и да се сочува брендот Gorenje

 |  инфодеск  | 

Јапонската корпорација Panasonic спроведува длабинско снимање на словенечкиот Gorenje, потврдил за љубљанско Delo Фрањо Бобинац, директорот на фабриката од Велење за производство на апарати за домаќинство, а постои можност Panasonic целосно да ја превземе компанијата.

Panasonic во Gorenje влезе пред три години со влог од 10 милиони евра и стекна скоро 11% од акциите, а минатата година докупи уште 1%.

Некои сметаат дека целта на снимањето е зголемување на сопственичкиот удел на Јапонците на 20% или можноста Panasonic целосно да ја превземе контролата над пакетот акции, а ако тоа се случи условот е фабриката да остане во Словенија и да се сочува брендот Gorenje.

Официјалната објава на информациите предизвика значителен скок на вредноста на акциите на компанијата која повеќе од една милијарда евра приход од продажба на годишно ниво и е еден од најголемите извозници во Словенија.

Поради проблеми на пазарите на исток Gorenje минатата година беше во проблеми, но последните неколку квартали повторно е во залет. Така бизнис добивката во првиот квартал е зголемена за 52% во однос на минатата година, додека лани во истиот период имаше загуби.

Меѓу некои акционери на Gorenje кои своите акции ги продале евтино пред да бидат запознати со снимањето на Panasonic се прошири шпекулација дека информацијата за тоа била порано посредувана на некои одредени акционери со цел да заработат на берзата.