Skip to main content

Терористи со намера за напад на отворањето на Бундес лигата

Новата сезона ја отвораат Баерн и Вердер на 26 август во Минхен

 |  инфодеск  | 

Во Германија е уапсен високопозициониран член на терористичката група на Исламска држава, јавува Bildt,  а фатен е при рутинска контрола на полицијата.

Информациите за можно планирање на терористички напад ги дал еден затвореник. Полицијата потврдила дека е уапсено едно 24 годишно лице кое е бегалец од Сирија, но нема никакви докази дека е поврзан со планирање на терористички напад.

AFP во меѓувреме пренесува дека германските државни служби се на нозе бидејќи се појавиле информации дека е загрозено отворањето на новата фудбалска сезона во Бундес лигата.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи ги потврдил индициите дека имало такво нешто, но не прецизирал кој натпревар е со ознака критичен.

Новата сезона на Бундес лигата ја отвораат Баерн и Вердер на 26 август во Минхен.