Skip to main content

Терористички напад на свадба во Турција

Експлозијата се случила за време на свадбена веселба на која ималo многу луѓе

 |  инфодеск  | 

Најмалку 30 лица се убиени, а околу 100 се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе на свадба на отворено во југоисточниот турски град Газиантеп, соопшти регионалниот гувернер, a пренесува BBC.
Гувернерот на Газиантеп Али Јерликаја за агенцијата „Anadolu News“ изјави дека се работи за терористички напад. Експлозијата се случила за време на свадбена веселба на која имало многу луѓе. Се уште уште никој нема преземено одговорност на нападот.
Минатата недела во мнозинскиот курдски југоисток на Турција повторно е забележан бран на насилства. Во низата бомбашки напади се убиени 10 луѓе, воглавно војници и полицајци, а турските власти ги припишуваат нападите на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК).
Најсмртоносниот напад оваа година се случи на аеродромот во Истанбул каде тројца осомничени бомбаши убија 44 лица.