Skip to main content

YouTube до крајот на годината станува нова социјална мрежа

Што ќе донесе проектот наречен Backstage?

 |  инфодеск  | 

Google со години се обидува да направи социјална мрежа која ќе биде достоен противник на Facebook и Twitter, но и на другите платформи. Помпезно најавуваните проекти воглавно завршуваа како промашувања и тоа е единствениот сегмент во кој Google уредно бележи хронични неуспеси. Но, тоа не значи дека во Google се откажале од обидот да направат социјална мрежа која на глобално ниво ќе може да им конкурира на најголемите играчи. Кога веќе не оди со нови платформи, тие ќе се обидат со модификација на постоечките, а изборот е најверојатно на YouTube.

Многумина ќе приметат како YouTube и сега, освен што е најпопуларна платформа за објави и споделувања на видео содржини има и многу заеднички работи со останатите социјални мрежи. Но, тоа изгледа не е доволно па спрема пишувањето на VentureBeat, проектот наречен Backstage би можел да ја трансформира YouTube во класична социјална мрежа. Корисниците на тој начин ќе можат да објавуваат кратки постови, фотографии, анкети и слично, во облик каков што имаме на Facebook и Twitter. Целта е секако корисниците да останат на YouTube и да можат своите објави тука да ги објават, а не да одат на други социјални мрежи.

По неуспехот со Google+ во компанијата сватиле дека им треба нешто што ќе ги задржи корисниците подолго на YouTube, а да не станува збор за гледање видео записи. Секако, видеото и понатаму останува основа, но Backstage ќе носи нови можности за кои ќе треба да ги видиме во блиска иднина.