Skip to main content

Турција: со автомобил бомба нападната полициска станица

Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан

 |  инфодеск  | 

Силна експлозија потресла утрово полициска станица во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети.

Турските медиуми јавуваат дека има девет загинати, од кои тројца полицајци, и 64 биле ранети.

Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.

Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан.

Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се наоѓа на границите со Сирија и Ирак. Во оваа област живеат Курди.