Skip to main content

Ако таа се смешка за Западот тоа е лоша вест

Кога е таа добро расположена светот обично има причини за грижа

 |  инфодеск  | 

Ri Chun Hee работи за севернокорејската државна телевизија повеќе од 40 години и е најпозната жена во таа земја. Интересно е тоа дека никој не знае колку години има Hee, но се претпоставува дека зачекорила во седмата деценија од животот.

Ниту најновото тестирање на нуклерната бомба во Северна Кореја не помина без да го пренесе таа на своите сонародници, но и на светот. Она по што е Chun Hee позната е стилот со кој тоа го прави тоа, а кој воглавно се состои од викање и по некоја емоција.

Веста за успешното тестирање на нуклеарната бомба ја пренесе со смешкање на лицето за цело време на пренесувањето, секако со неизбежната драма и викање со која се прослави и во светот. Кога е таа добро расположена во пренесувањето на вестите од нејзината земја, светот обично има причини за загриженост.

Нејзините, веројатно најтажни водителски моменти се кога морала да ги пренесе вестите за смртта на претходните севернокорејски диктатори, Kim Il Sung и Kim Jong Il.