Skip to main content

Германија има недостиг на возачи за сите сообраќајни копнени средства

И градот Берлин очајнички бара некој кој ќе ги вози граѓаните, пишува DW

 |  инфодеск  | 

За сите копнени сообраќајни средства во Германија се бараат возачи, а состојбата е критична во јавниот превоз во градовите.

Здруженијата звонат за тревога и ако нешто не се превземе во Германија наскоро нема да може да се превезат сите патници и роба од точка А до точка Б. Здружението на германските превозници (VDV) посебно укажува на сѐ погустата мрежа на јавниот превоз и сѐ помалиот број на возачи кои одат во пензија или се пред пензија.

Ситуацијата е посебно критична со машиновозачите, пишува DW. “Никој повеќе не сака да вози локомотиви”, се жали синдикатот на машиновозачите GDL. Моментално ширум земјата недостасуваат помеѓу 800 и 1000 машиновозачи. Никој очигледно не е спремен на осаменост и работа во смени. И градовите како Берлин очајнички бара некој кој ќе ги вози граѓаните. Просечната старост на берлинските возачи на подземните и надземните железници е 50 години.

Откако пред неколку години во Германија се укина меѓуградскиот железнички монопол се појави и акутен недостаток и на возачи на автобуси на подолги релации, а германското здружение на автобуски превозници зборува за недостаток од 2.000 возачи. Во следните неколку години оваа бројка би можела да достигне и до 10.000. Здруженијата покренале агресивна кампања меѓу младите под слоганот – “Покрени нешто – биди возач на автобус”.

Слична е ситуацијата и со растечкиот сектор на теретниот превоз. Но, за овој проблем во моментот на обука се околу 7.000 млади луѓе, но тие преспоро влегуваат на пазарот за да се покрие недостатокот. Не постојат точни податоци за недостатокот на возачи на теретни возила, но само на подрачјето на Дуизбург (каде се наоѓа најголемото пристаниште во Европа и каде се седиштата на најголемите шпедитерски куќи) недостасуваат 3.000 возачи за камиони. Како што кажува портпаролот на здружението за професионални возачи Wolfgang Westermann, многу шпедитери се присилени своите возачи да ги задржуваат и по одењето во пензија. Други пак засилено бараат возачи ширум Европа.

Единствениот сообраќаен сектор во кој во Германија пазарот е заситен е воздохупловниот, односно со пилоти. Недостаток на пилоти е забележан во САД и Азија, но таму условите се многу полоши отколку во Европа па така вложеното време и пари се обидуваат да го надоместат во подобри услови во договорите кај европските компании.