Skip to main content

Силна експлозија на Менхетн, повеќе повредени

Стотици луѓе го напуштиле тој дел од градот

 |  инфодеск  | 

“До експлозијата дошло околу 20.30 часот по локално време во 23 улица помеѓу 6 и 7 авенија на Менхетн” објавил на Твитер портпаролот на полицијата Питер Доналд додавајќи дека неколкумина повредени се одведени во блиските болници.

Одделот на њујоршките пожарникари исто така објави дека во реонот Челзи на Менхетн дошло до експлозија со повеќе повредени, меѓутоа а подетални информации не биле достапни, наведува Ројтерс.

Градоначалникот на Њујорк изјави рано утрово дека се случила експлозија на Менхетн во која се повредени дваесетина лица и дека нема поврзаност со тероризам.

“Се чини дека експлозијата во њујоршкиот кварт Челзи бил намерен акт, но нема никакви докази за поврзаност со тероризам”, рекол градоначалникот Бил Де Бласио на конференцијата за новинари.

CNN јави дека стотици луѓе го напуштиле тој реон, а повикувајќи се на полициски извори се верува дека експлозијата ја предизвикало импровизирано експлозивно средство.

За експлозијата е известен и американскиот претседател Барак Обама, соопшти портпаролот на Белата куќа додавајќи дека претседателот ќе биде дополнително известен за понатамошни информации кои ќе бидат на располагање.