Skip to main content

Нов инцидент во САД, пронајдени пет бомби во Њу Џерси

Поради сомнителен пакет на пруга сообраќајот бил прекинат и реонот евакуиран

 |  инфодеск  | 

Во раните утрински часови, околу 1.30 по локално време, а околу 7.30 по европско, полицијата извела контролирана експлозија на една направа која се наоѓала во канта за отпадоци на железничката станица Елизабет во Њу Џерси, јавуваат медиуите.

Портпаролката на градоначалничката Крис Болвејџ рекла дека полицијата се сомнева дека тоа не е единствена бомба, односно дека имало неколку, а дополнително беше објавено дека се пет.

На теренот се испратени единици за уништување експлозивни направи. Агенциите пренесуваат дека две лица го забележале пакетот во кантата за отпадоци и го извадиле мислејќи дека се работи за нешто вредно, а тогаш забележале дека има цевка и жици. Ја повикале полицијата која со дрон од воздух ја увиделе ситуацијата.

Овој инцидент се случи само 24 часа по експлозијата на Менхетн во која беа повредени 29 лица.

Полицијата на испрашување привела пет лица кои се сомничат дека се поврзани со инцидентот во Њујорк. Надзорните камери наводно ги снимиле истите мажи на двете места каде се наоѓале експлозивните направи.

Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо рекол дека нападот е терористички чин и наредил на улиците на Њујорк да се испратат дополнителни 1.000 полицајци.

За време на викендот се случи уште еден напад, во трговски центар во Минесота каде еден маж со нож повреди девет лица.