Skip to main content

Low – cost компанија најави летови од Европа кон САД за 60 евра

Можноста за лет до САД за ниски цени никогаш не била поблиска

 |  инфодеск  | 

Откако low-cost компаниите го прекрија европското небо се чини дека се спремни и за нов исчекор и летање преку атлантикот.

Можноста за лет до САД за ниски цени се чини дека никогаш не била поблиска. Норвешката low-cost авиокомпанија Norwegian најави дека во својата понуда ќе ги вклучи и прекуокеанските летови по цена од 50 фунти веднаш штом стигнат нарачаните авиони.

Авиокомпанијата и во моментот ги нуди најевтините летови преку атлантикот бидејќи последните години до Њујорк или Лос Анѓелес се лета за 149 фунти.

Од 2017 година цените ќе бидат три пати поевтини, веднаш штом норвешкиот авиопревозник ги добие нарачаните 100 нови Боинзи 737 Max.

“Можам да ветам дека ќе ги видите летовите со Боинг 737Max следната година, а цената ќе биде 50 фунти”, неодамна изјавил Thomas Ramdahl од Norwegian.

Првите летови се очекуваат во март следната година, а повеќе податоци се очекуваат во ноември и декември. Секако, и покрај должината на летот и овде ќе важат low-cost прописите, а тоа се дека секој оброк на летот се плаќа и наплата за багаж кој не е рачен.