Skip to main content

Експлодира бомба во центарот на Атина

Сомнежите се дека цел на нападот е обвинителката Георгиа Цатани

 |  инфодеск  | 

Силна експлозија на бомба доцна ноќеска го потресе центарот на Атина. Во експлозијата се направени огромни материјални штети на станбена зграда, уништени се десетина продавници и две возила, но за среќа нема човечки жртви. Бомбата експлодира нешто пред 23 часот пред полноќ во густо населениот кварт во населбата Ексархија.

Како што јавуваат грчките медиуми, никој не бил повреден. Половина час пред експлозијата, анонимно лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефемерида тон Синтактон“ за да предупреди на поставената бомба. Подрачјето веднаш било затворено од полицијата.

Полицијата се уште истражува кој е мотивот за поставената бомба, а сомнежите се дека цел на нападот е обвинителката Георгиа Цатани која живее во зградата каде е поставена бомбата. На местото на настанот истрага врши антитерористичката единица на грчката полиција