Skip to main content

На Малта се урна авион со официјални лица на ЕУ

Во авионот се наоѓале официјални лица задолжени за надзор на границите на ЕУ

 |  инфодеск  | 

Рано утрово се случи авионска несреќа на Малта во која од 10 лица колку што се наоѓале во авионот, најмалку 5 загинале. Во авионот се наоѓале официјални лица на Фронтекс, задолжени за надзор на надворешните граници на Европската унија.

Несреќата во која животот го изгубија официјални лица на Фронтекс се случи утрово околу 7.20 часот по локално време.

Овој авион се срушил набрзо по полетувањето од меѓународниот аеродром на Малта, а сведоци тврдат дека виделе како пропелерот на авионот одеднаш се навалил на десната страна и авионот потоа почнал да паѓа.

Фотографијата снимена од аеродромот покажува голем пожар по падот и се верува дека нема преживеани.

Спрема официјални информации, официјалните лица на Фронтекс биле на пат кон градот Мисрата во Либија и сеуште нема потврда за националната припадност на жртвите.