Skip to main content

Ги освои САД , но и социјалните мрежи

Додека е светот во шок од изборот на Трамп, социјалните мрежи ги тријат рацете

 |  инфодеск  | 

Многу е веројатно дека никогаш еден претседателски кандидат, а од вчера и претседател на САД, не предизвикал толакво внимание како контроверзниот Доналд Трамп. Демократијата е во полн сјај, велат едни, додека други ќе кажат дека ова е всушност почетокот на крајот на демократијата во САД, но на крајот од денот останува само еден факт – Доналд Трамп е победник. Трамп ќе седне во фотељата наменета за најмоќниот човек на светот, а со тоа ја освои Америка, но истовремено ги освои и социјалните мрежи бидејќи во последните неколку дена се срушени бројни рекорди на интернет.

На пример, во вторникот на Twitter до 21 часот по локално американско време се напишани неверојатни 35 милиони пораки поврзани за изборите. Со тоа е оборен рекорд за кој, при сета почит кон Хилари Клинтон, најверојатно е заслужен токму Доналд Трамп. Тој, неговите, благо речено, екстравагантни, простачки и помалку дивјачки настапи предизвикуваа реакции на сите. И на Google не било помалку весело бидејќи вчера првите 20 најбарани поими биле поврзани со Трамп и претседателските избори, односно сѐ што е поврзано со нив.

За социјалните мрежи и константната расправа на нив, Доналд Трамп, без никакво сомнение, е златна кокошка, а ништо помалку нема да е интересен и како претседател.