Skip to main content

Поплави во Италија, исчезнато едно лице

Се зголемува загриженоста поради растот на нивото на реката По

 |  инфодеск  | 

Маж во обид да ги спаси своите коњи во местото Пероса , во околината на Торино, го повлекла водата и исчезнал, им раскажал на цивилната заштита неговиот син.

Расте загриженоста поради реката По која на места се излива и во Торино и може да достигне алармантно ниво до петок навечер.

Пиемонте и Лигурија прогласиле црвен аларм поради поплавите бидејќи има голем пораст на нивото на водите и реките.

Неколку стотини лица се евакуирани превентивно, а властите повикале на ограничено движење во неколку покраини на двата региона каде училиштата се затворени во четвртокот.

Во Алби, колевката на Фереро, јужно од Торино, фабриката Нутела морала да го прекине производството.

Цивилната заштита повикала во соопштение “сите граѓани да се сместат на погорните катови од куќите и таму да останат”.

Водата продолжи да се зголемува и во петок наутро во Торино, но експертите очекуваат почеток на опаѓање на нивото во текот на попладнето.