Skip to main content

Решение како да исчезнете од интернет

Овој сервис овозможува бришење на сите можни профили од едно место одеднаш

 |  инфодеск  | 

Вистината е дека многумина имаат повеќе кориснички сметки или профили на разни социјални мрежи или електронски пошти и истите можат да се деактивираат поединечно одејќи на секоја страница посебно. Но, се појави сервис кој практично овозможува со неколку кликнувања со глушецот едноставно да исчезнете од интернет.

Шведските девелопери Wille Dahlbo и Linus Unneback осмислиле и реализирале сервис кој овозможува сѐ што е потребно за деактивирање на било кој ваш профил од едно место.

Доволно е да се посети страницата Deseat.me, да се пријавите со вашата Google корисничка сметка, за кој се претпоставува дека во денешно време сите имаат барем една, а потоа алгоритмите и скриптите ќе го направат своето, ќе ги пронајдат сите ваши кориснички сметки и профили на интернет и на вас е да одлучите кои ќе бидат избришани, а кои евентуално ќе ги задржите.

Внимателно размислете што ќе бришете, бидејќи по бришењето нема враќање назад.