Skip to main content

Фатална авионска несреќа за фудбалска екипа од Бразил

Пред шест години играа во четвртата бразилска лига, а сега требаше да играат финале во Копа Судамерикана

 |  инфодеск  | 

Чартер авион со 81 луѓе во него, вклучувајќи и еден бразилски тим од првата фудбалска лига, кој летал за Колумбија се урнал на летот кон меѓународниот аеродром во Меделин.

Воздухопловните власти изјавија дека има извештаи за најмалку шестмина преживеани.

Авионот е од типот „Бритиш аероспејс Авро 146“ на боливиската чартер компанија Ламиа. Екипажот пријавил состојба на итност околу 10 часот навечер поради проблеми со електриката.

Во авионот бил фудбалскиот тим на Чапакоенсе од јужен Бразил. Фудбалерите летале на натпревар од Копа Судамерикана со тимот Атлетико Насионал од Меделин.

Пред шест години играа во четвртата бразилска лига, пред пет дена го остварија најголемиот успех во историјата на клубот откако се пласираа ви финалето на Копа Судамерикана, а денес во авионска несреќа Шапикоенсе остана без речиси целиот тим.

А пред само пет дена, клубот го славеше најголемиот успех во историјата, малиот Шапикоенсе го елиминира славниот аргентински Сан Лоренцо и се пласира во финалето на Копа Судамерикана. Првиот натпревар во Буенос Аирес заврши 1:1, а во реваншот немаше голови.