Skip to main content

Падот на авионот со бразилските фудбалери можел да се спречи

Нови и шокантни вести пристигнуваат за авионската несреќа во Колумбија

 |  инфодеск  | 

Шокантни вести пристигнаа од местото на големата трагедија која се случи во вторникот, а помеѓу другото авионот кој превезувал 77 патници воопшто не требало да биде превозник на фудбалската екипа Чапакоенсе. Освен тоа се случиле низа на неправилности што укажува дека трагедијата можела и морала да се спречи.

Екипата на Чапакоенсе, која патуваше на првиот натпревар во финалето на Копа Судамерикана, требало да лета со директен лет од Сао Паоло до Меделин со авион Ербас 320. Меѓутоа, Бразилската цивилна авио агенција (ANAC) одлучила да ја укине директната линија па така екипата морала да прејде на фаталниот план Б.

Играчите го започнале своето патување со Ербас 320, но тој авион ги донесол само до Санта Круз во Боливија. Таму се преместиле на авионот Ламиа RJ100, во сопственост на венецуелската компанија Airline Merida International Aviation. Станува збор за авион кој Британците го користеле во 90-те години за кратки патувања и авион со кој пред три недели патувала фудбалската репрезентација на Аргентина со Меси, Агуеро, Игуаин…

Патот кој авионот требало да го помине изнесувал 2265 километри, односно 600 помалку од оддалеченоста која ја поминала репрезентацијата на Аргентина од Бело Хоризонте до Буенос Аирес. Меѓутоа, се чини дека авионот во кој се наоѓале несреќните фудбалери не бил опскрбен со доволно гориво.

Кога се приближиле до Меделин нивниот авион добил забрана за моментално слетување бидејќи друг авион добил предност поради наводно губење на горивото. Авионот Ламиа морал да кружи во воздух и тука дошло до кобната грешка.

Пилотот не ја известил кулата дека е при крај со горивото, бидејќи ако ја известел ќе добиел дозвола за моментално слетување. Поради малите количини на гориво дошло до проблем со електрониката, која го предизвикала падот. Дополнителна причина за која се верува дека авионот останал без гориво е фактот дека не експлодирал кога паднал на земја.

Се чека потврда на овие информации, но се чини дека трагедијата можела да биде спречена.

Алан Рушел, Џексон Фолман и Хелио Нето се тројцата преживеани фудбалери, а освен нив за живот се борат уште два члена на екипажот и еден новинар.