Skip to main content

Терористот од Берлин убиен во Милано

Напаѓачот е идентификуван според отисоците од прсти и физички докази

 |  инфодеск  | 

Анис Амри, кој е осомничен за нападот во Берлин, е убиен во престрелка во Милано, Италија, јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од италијанската безбедносна служба.

Амри наводно е запрен од сообраќајна полиција околу три часот утрото, но веднаш почнал да пука кон полицајците. Еден од полицајците возвратил и го убил Анис Амри, а полицаецот е полесно повреден, пренесува италијанскиот весник Панорама. Според истите извори, напаѓачот е идентификуван според отисоците од прсти и физички докази.

Во секој момент во Рим прес конференција треба да одржи министерот за внатрешни работи Ангелино Алфано, на која ќе ги соопшти деталите и дали убиениот е навистина Анис Амри.

Тој во вторникот во Берлин уби 12 лица и десетина повреди, кога со камион влета на божиќен саем.