Skip to main content

Киднапиран либиски авион со 118 патници

Двајца киднапери се заканиле дека ќе го разнесат Ербасот 320

 |  инфодеск  | 

Авион на внатрешен лет во Либија бил киднапиран и пренасочен во Малта, каде слета утринава, јавија малтешките медиуми.

Двајца киднапери се заканиле дека ќе го разнесат Ербасот 320, во кој има 118 патници и екипаж, објави „Тајмс оф Малта“. Авионот летал од Себха во југозападна Либија до Триполи за државната авиокомпанија „Африкија Ервејс“.

Малиот медитерански остров Малта се наоѓа на 500 километри северно од либискиот брег. Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер напиша: „Информиран сум за потенцијална ситуација со киднапирање на внатрешен либиски лет пренасочен во Малта.” Малтешкиот премиер истакна дека се подготвени сите безбедносни и спасувачки операции.