Skip to main content

По Финска и Холандија со проектот пари без работа

Во Финска 2.000 случајно избрани невработени веќе добија по 560 евра

 |  инфодеск  | 

По примерот на Финска, и Холандија ќе дава надомест на невработени лица без ништо да работат.

Експериментот во текот на 2017 година ќе биде тестиран во неколку градови во оваа земја.

Мислењата за овој проект се поделени. Оние кои го поддржуваат моделот истакнуваат дека сиромашните и невработените на овој начин ќе бидат позаштитени, додека оние кои се против наведуваат дека поради овој модел никој од невработените нема да биде мотивиран да побара работа.

Во Финска започна исплата на основната месечна плата од 560 евра, како дел од социјален експеримент, со цел да се намали државната бирократија и сиромаштијата и да се зголеми вработеноста.

Овој пилот проект ќе трае две години, а Финска е прва земја во Европа која ја воведе оваа новина.

Минатата недела 2.000 случајно избрани невработени Финци веќе добија 560 евра, а во тек е исплатата и на останатите кои немаат работа.

Директорката на програмата кажа дека сите невработени ќе добијат пари без оглед на се`.

„Може да останат дома и да не прават ништо доколку им е доволен овој основен приход. Но, може и да имаат работа со скратено работно време или да започнат бизнис“- рече таа.

Се работи за проект кој Финците го претставија лани во склоп на кампањата на владата која се залага сите граѓани да имаат основен приход кој во Финска изнесува 560 евра.