Skip to main content

PayPal под истрага за перење пари

Од компанијата изјавија дека соработуваат со властите

 |  инфодеск  | 

Министерството за правда на Соединетите Американски држави побараа од компанијата „PayPal“ да им достават одредени информации за кои се сомничат за перење на пари.

“Добивме судска покана од американското министерство за правда во која се бара да направиме одредени извештаи за историјата на нашата програма против перење пари”, наведе компанијата PayPal во годишниот извештај доставен до комисијата за хартии од вредност на САД.

Од компанијата изјавија дека соработуваат со властите и не шпекулираат со исходот на истрагата.

Оваа вест направи притисок на акциите на PayPal кои паднаа за повеќе од 1,5% на 40,24 долари.